• Shqip
  • Македонски
  • English

Историја

BENTON-NI е компанија за производство на храна и хигиенски производи. Ние сме лидер на пазарот во Македонија за квалитетот на нашите производи. Компанијата е основана во 1997 година во Куманово, како компанија за производство.Основачот на компанијата е Назми Ејупи, дипломиран хемичар кој отсекогаш сакаше да произведува производи кои ќе ги задоволат потребите на потрошувачите. После бројни предизвици ги реализира неговите цели, успешно започнуваќи со производство во прехранбената индустрија.

Првите производи во индустријата беа оцетни производи како прехранбен бел оцет, црвен оцет (вински), јаболков оцет, и есенција за зачувување на прехранбените производи. После една година ние почнавме да ги прошируваме активностите во хемиската индустрија, почнувајќи со производство на антифриз, вода за автомобили и пакување на дестилирена вода. Следната година експанзијата продолжува со производство на производи како хлороводородна киселина за домаќинството, варикина(белило) и слично.

Во 2006 година, со проширување на просторот за производство се зголеми производството и бројот на производи во индустријата за детергенти, започнувајќи од течни детергенти за миење садови (со лимонов и јаболков мирис), течен сапун за раце, средтсво за чистење на стакло и др. Компанијата секоја година ја проширува палетата на производи.

По анализа на пазарот ние успееме да произведuvame novi производи кои им се потребни на потрошувачите, нудејќи производи co висок квалитет. Нашата компанија извезува производи во Косово, Црна Гора и Албанија. Генерален дистрибутер на нашите производи е компанијата Даути Комерц. Во Македонија дистрибутер на нашите производи е Dauti Komerc,но ние имаме соработка и со други партнери кои во целина се клучен фактор за нашиот успех. за ова е важно нашите производи секогаш да се доставуват во вистинско време, на вистинско место и се разбира по поволна цена. Ние се фокусираме на креативност и иновации со цел да произведuvame нови производи кои се секогаш предизвик за нас и да го подобриме квалитетот на постоечките производи.


Bеќе започнеме со изградба на новиот објект со високи стандарди.




Најновиот продукт

Следете не на Facebook

Следете не на Google+